ПОЛИЦИЈАТА ВРШИ ПРЕТРЕС ВО ПАЗАРНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ВО КОЧАНИ Се „тресе“ и вториот објект на газда Деко

Според првичните информации, претресите се дел од поширока истрага што се води по налог на надлежно јавно обвинителство, а се однесуваат на сомнежи за можни злоупотреби и незаконски активности во деловното работење.

908

Рано утрово, припадници на Министерството за внатрешни работи спроведоа координирана акција на неколку локации во Кочани и извршија претрес во објект во сопственост на газдата на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, дознава Плусинфо.

Претрес бил извршен и во службените простории на Државниот пазарен инспекторат во овој град.






Според првичните информации, претресите се дел од поширока истрага што се води по налог на надлежно јавно обвинителство.

Од МВР засега нема официјална изјава за целта на утринската акција. Исто така, од Пазарниот инспекторат досега не излегоа со официјален коментар.

Дејан Јованов-Деко, кој сега е притвор, беше закупец на дискотеката „Пулс“ во која во пожарот живтотот го загубија 59 млади лица. Тој го управуваше и кафулето „Класик“ во трговскиот центар во Кочани, како и со подружницата на „Карго експрес“ за Кочани и за Виница.

Поврзани содржини