Полицијата во Хонг Конг брутално апси 12-годишно девојче (ВИДЕО)

Полициски службеник ја соборил на земја и ја притиснал со колено, а уште неколку полицајци му помогнале да ја „совлада“.

323

Полицијата во Хонг Конг брутално уапсила 12-годишно девојче чие семејство вели дека случајно се нашла среде толпа што протестирала, додека одела во продавница да купи прибор за ликовно.

Видеото, кое се прошири на социјалните мрежи, а го објавија и медиуми од Хонг Конг, покажува како полицајци сакаат да уапсат група луѓе, вклучително и малото девојче, кое потоа се наведнало и се обидело да избега. Полициски службеник ја соборил на земја и ја притиснал со колено, а уште неколку полицајци му помогнале да ја „совлада“.

Поврзани содржини