ПОЛИЦИЈАТА ВО БРЧКО УАПСИ 8 ЛИЦА, ОСОМНИЧЕНИ ЗА ТРГОВИЈА СО ДЕЦА Станува збор за сложена истрага во која се вклучени многу државни органи

Медиумите во БиХ објавија дека пронајдените деца имале хрватски пасоши и дека ги чувала една жена, најверојатно италијанска државјанка, која е уапсена.

279

Полицијата во Брчко, во Босна и Херцеговина, уапси вкупно 8 лица, осомничени за трговија со деца, откако во куќа во градот пронашла 31 дете.






„Во рамки на досегашните активности за пронаоѓање 31 дете, уапсени се вкупно 8 лица поради сомнение за сторени кривични дела ‘трговија со луѓе’, ‘трговија со деца’ и ‘запуштање“ или злоупотреба на дете’“, соопшти окружната полиција Брчко.

Портпаролката на окружната полиција, Џевида Хукичевиќ, изјави за новинарите дека истрагата за овој случај е сложена и вклучува повеќе линии на дејствување, наведувајќи дека поради сложеноста на случајот, по наредба на обвинителот, воспоставена е соработка со Агенцијата за истраги и заштита (СИПА), Министерството за внатрешни работи на Република Српска, Министерството за внатрешни работи на Херцеговскиот-неретвански кантон, како и со меѓународна соработка со Европол.

Полицијата, во соработка со Центарот за социјална работа и Црвениот крст, пред 2 дена во куќа во Брчко пронашла 31 дете, по што децата биле пренесени на безбедно место.

Медиумите во БиХ објавија дека пронајдените деца имале хрватски пасоши и дека ги чувала една жена, најверојатно италијанска државјанка, која е уапсена.

Меѓу уапсените наводно има и судски полицаец и неговата мајка.

„КУЌАТА НА УЖАСОТ“ ВО БРЧКО Е ЛАЖНА ГРАДИНКА ИЛИ НЕШТО ПОСТРАШНО? Девојчињата се одведени на гинеколог, приведен е судски полицаец

Поврзани содржини