ПОЛИЦИЈАТА УТРОВО САРДИСА ФИРМИ ВО ЛИПКОВО, КУМАНОВО И ВО ЖЕЛИНО Продавале нафтени деривати, се сомничат за криминал тежок над 7 милиони евра

Голема полициска акција на Управата за финансиска полиција во општина Липково, Куманово и Желино– претреси на повеќе локации, сомнение за злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари.

822

Во раните утрински часови полициски екипи од Управата за финансиска полиција упаднале на неколку локации во општина Липково, Куманово и во Желино, каде што во моментот се вршат претреси.

Како што дознаваме, акцијата е резултат на подолга истрага за постоење на организирана криминална група која, според првичните сознанија, се сомничи за злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама, перење пари и други кривични дела поврзани со финансиски криминал.






Неофицијалните информации говорат дека се работи за фирми кои се занимаваат со набавка и продажба на нафтени деривати кои се сомничат за сторен криминал тежок над 7 милиони евра.

Детали за акцијата се најавуваат по нејзиното завршување, во текот на денот.

Поврзани содржини