ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА Зад решетки 10 возачи во еден ден
По целосно документирање на случаите против возачите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на Македонија полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило. Четворица управувале возило без возачка дозвола, четворица возеле под дејство на алкохол, еден возел во спротивна насока, а еден возел и покрај тоа што имал активна забрана, информираат од Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случаите против возачите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
„Две лица во Тетово возеле без возачка дозвола, а по еден во Кратово и Кочани. По еден возач во Куманово, Свети Николе, Прилеп и Гевгелија управувале возило под дејство на алкохол. Еден возач во Куманово возел мопед во спротивна насока, а еден возел во Скопје и покрај тоа што имал активна забрана“ соопшти МВР.
Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол.