ПОЛИЦИЈАТА УПАДНА ВО СТАНОТ НА КОНТРОВЕРЗНИОТ ПЕЈАЧ Имал соба за силување, еве што изнеле од неа
Станот на Менсон е опишан како мрачен со понографска содржина во која мебелот е црн.
На контроверзниот музичар Мерилин Менсон (52) истражителите му ја пребарале куќата во Западен Холивуд по низата обвиненија за сексуално злоставување.
Полицијата во Лос Анџелес упаднала во неговата вила. Иако Менсон во тој момент не бил дома, тие ги земале сите технолошки уреди на кои евентуално нешто можело да биде снимено. Налогот за претрес го добила полицијата на Лос Анџелес.
Според извештајот, по претресот, полициските службеници од вилата ги земале сите технолошки апарати со помош на кои е можно да се сними некаква содржина, пишува „Њујорк пост“.
Да потсетиме, многу жени сведочеа против музичарот, а во едно сведочење беше објавено дека имал „соба за силување“.
Менсон, чие вистинско име е Брајан Ворнер, е обвинет од повеќе од 15 жени за сексуално и физичко злоставување.
– Прво ја опиша собата како „многу кул“, а подоцна ја опиша како крајно казнена. Прво се бориш, но тој во тоа уживаше. Научив да не се борам, за да не му пружам задоволство, само ќе отпловев во мислите. Кога врескав, немаше никој да чуе – изјавила девојката Ешли Морган Смитлајн.
Наводно, Менсон го купил домот од музичар кој имал вградено стаклена звучно изолирана соба во аголот на поголемата соба, која бела наменета за електронска музика.
Менсон собата ја нарекол „соба за лоши девојки“, тврдат извори.
Станот на Менсон е опишан како мрачен со понографска содржина во која мебелот е црн.