ПОЛИЦИЈАТА УБИ УШТЕ ЕДЕН АФРОАМЕРИКАНЕЦ ВО МИНЕАПОЛИС! Камерите ја снимија целата акција, испукани 3 куршуми (ВИДЕО)
Полициската управа во Минеаполис објави видео и фотографија на која се гледа како мажот Амир Лок држи пиштол во рака, обвиткан во ќебе, додека бил опкружен од полицајци наведнати над софата на која тој лежел.
Вооружен Афроамериканец (22) е убиен од полициската единица „SWAT“ за време на рација во неговиот стан во средата, покажа видео од камера поставена на телото на полицаец, објави Ројтерс.
Полициската управа во Минеаполис објави видео и фотографија на која се гледа како мажот Амир Лок држи пиштол во рака, обвиткан во ќебе, додека бил опкружен од полицајци наведнати над софата на која тој лежел.
Ројтерс додава дека овој инцидент неизбежно ќе го подигне сеќавањето на трагедијата кога во 2020 година, исто така во Минеаполис, беше убиен Афроамериканецот Џорџ Флојд, кого полицаецот Дерек Шовин го држеше со коленото на вратот повеќе од осум минути за време на апсењето.
На актуелното видео се гледа како полицијата го отклучува станот на Лок со клуч, по што полицијата извикува „Полиција, имаме налог, легни на земја …“ кога влегува во станот.
Полицаец потоа го удира каучот на кој лежи Лок, по што тој се превртува, а неговата рака која штрчи од под ќебето и во неа се гледа пиштол.
Речиси во истиот момент беа испукани три истрели, а Лок се обиде да се исправи, сè уште завиткан во ќебе, додава Ројтерс.
Во соопштението на полицијата во Минеаполис се наведува дека мажот „држел вперен пиштол во насока на полицијата“.
Привремениот шеф на полицискиот оддел во Минеаполис, Амелија Хафман, рече дека окружниот обвинител ќе ги разгледа фактите, како одговор на прашањето дали убиениот држел пиштол вперен кон подот, а не кон полицајците.
– Ако пиштолот е вперен во вас, вие сте принудени во секунда да процените дали тоа е закана – рече Хафман.
Лок по пукањето бил пренесен во болница, каде што починал во средата.
Адвокатите кои го застапуваа семејството на Лок, Бен Крамп и Џеф Стормс, го споредија убиството на Лок со убиствата на Бриона Тејлор и Џорџ Флојд и рекоа дека според достапните информации, Лок не бил предмет на полицискиот налог.
Бриона Тејлор од Луисвил, Кентаки, беше убиена во март 2020 година, кога полицијата исто така упадна во нејзиниот стан.
Хафман потврди дека името на Лок не е на налогот за апсење во врска со истрагата за убиството во Сент Пол, главниот град на американската држава Минесота.
– Во моментов не е јасно како и дали тој бил поврзан со истрагата за убиството во Сент Пол – изјави таа.
Хафман продолжи да ги изнесува податоците, велејќи дека полицајците од одделот во Сент Пол подоцна дошле на местото каде што е убиен Лок и зеле можни докази во врска со истрагата за убиството.
Според адвокатите, Лок немал досие и легално поседувал оружје во моментот кога бил убиен.