Полицијата уапси верници во Ерусалим кои се собрале и покрај забрана

340

Израелската полиција уапси 320 лица кои, кршејќи ги рестриктивните мерки воведени поради епидемијата на коронавирусот, се собрале за традиционалното палење на оган за време на празникот Лаг Ба-Омер.

Во центарот на традиционалниот фестивал е гробницата на мистикот Шимон Бар Јохаи од вториот век, која обично привлекува илјадници верници кои се молат цела ноќ, играат и пеат околу огнот.






Полицијата соопшти дека неколку десетици луѓе се обиделе да влезат во гробницата и покрај забраната, и оти собраните верници фрлале камења кон полицијата, што доведе до масовни апсења.

Поврзани содржини