ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ КРАДЦИ ШТО ХАРАЛЕ ПО СТРУМИЦА, ВАЛАНДОВО И ГЕВГЕЛИЈА За еден месец извршиле 26 кражби

Во Валандово и Струмица од слобода беа лишени М.К.(26) и Ф.К.(18), двајцата од Струмица, кои се сомничат дека со уште две лица во периодот од 7.7.2025 до 6.8.2025 на подрачјата на Струмица, Валандово и Гевгелија извршиле 26 кривични дела, од кои едно разбојништво, една тешка кражба, 6 кривични дела одземање моторно возило и 18 кражби, соопшти полицијата.

215

Струмичката полиција уапси двајца кои се осомничени дека со уште две лица извршиле повеќе тешки кражби.

„По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Струмица во изминатиот период расчистија повеќе кривични дела од областа на имотните деликти. Имено, во Валандово и Струмица од слобода беа лишени М.К.(26) и Ф.К.(18), двајцата од Струмица. Тие се сомничат дека со уште две лица во периодот од 7.7.2025 до 6.8.2025 на подрачјата на Струмица, Валандово и Гевгелија извршиле 26 кривични дела, од кои едно разбојништво, една тешка кражба, 6 кривични дела одземање моторно возило и 18 кражби“, соопшти полицијата.






На подрачјето на Радовиш, се додава во соопштението, од слобода беше лишен А.А(26) од Радовиш, кој се сомничи дека во февруари и во јули 2025 година во Радовиш и радовишкото село Раклиш извршил повеќе кривични дела тешка кражба и кражба.

„Исто така, во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Г.А.(19) од Кавадарци. Тој се сомничи дека во претходниот период во Струмица извршил 5 кривични дела тешка кражба во обид и едно кривично дело кражба. Лицата се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинтиел и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, соопшти полицијата.

Поврзани содржини