ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО 30 ЛИЦА ШТО ГО ПРОГЛАСИЈА ЕРДОГАН ЗА МРТОВ Твитовите беа објавувани под хаштагот #мртов

Во последните денови се зголемија шпекулациите за здравјето на Ердоган, откако неодамна беше снимен дека тешко оди.

675

Турските власти започнаа судска постапка против 30 лица поради шпекулации за здравствената состојба на претседателот Реџеп Таип Ердоган на социјалните мрежи.

Сите осомничени се гонат поради објавување твитови за Ердоган користејќи ја назнаката #ölmüş (#мртов), соопшти турскиот Генерален директорат за безбедност.






Властите во соопштението велат дека лицата споделиле дезинформации и манипулативна содржина на интернет. Осомничените се и под истрага за ширење на содржина што го навредува или погрешно претставува турскиот претседател.

– Идентификувани се 30 лица, а против нив е поведена соодветна правна постапка – соопштија од Директоратот.

Во меѓувреме, адвокатите на Ердоган, исто така, поднесоа жалба до главниот обвинител во Анкара.

Во последните денови се зголемија шпекулациите за здравјето на Ердоган, откако неодамна беше снимен дека тешко оди.

За време на празнична порака во јули, 67-годишниот претседател изгледаше во лоша состојба додека неговиот говор понекогаш звучеше нејасно.

Но, соработниците на турскиот претседател споделуваат видеа од Ердоган на Твитер за да ги смират гласините за неговото лошо здравје.

„Верувајте му на пријателот, плашете се од непријателот“, напиша на Твитер шефот за комуникации на претседателот, Фахретин Алтун, покрај снимката на која Ердоган чекори постабилно по патување со авион од Истанбул до Анкара.

Ердоган, кој е на власт речиси две децении, беше подложен на сериозна операција на цревата во 2011 година.

 

Поврзани содржини
na