ПОЛИЦИЈАТА СПАСИ МАЖ ОД ВОДИТЕ НА ВАРДАР Бил пациент на болницата во Бардовци

709

По добиена пријава во СВР Скопје вчера во 12.45 часот, дека на вливот на реката Лепенец во реката Вардар има машко лице во водата, веднаш се преземени мерки и активности и лицето е извадено односно е спасено од водата од полициски службеници, информира МВР.

Подоцна е утврдено дека станува збор за 64-годишен маж од Скопје, кој претходно самиот се фрлил во реката, а инаку е пациент на болницата во Бардовци.






Со возило на Итната медицинска помош тој бил пренесен во ГОБ „8-ми Септември“.

Поврзани содржини