ПОЛИЦИЈАТА СО ДРОНОВИ ЌЕ ГИ ЧУВА ИЗБОРИТЕ ОД ИНЦИДЕНТИ МВР ја гарантира безбедноста на граѓаните при гласањето
МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера, да ги почитуваат упатствата на полициските службеници и да се воздржат од какви било активности кои би можеле да го нарушат изборниот процес.
Министерството за внатрешни работи во пресрет на Локалните избори 2025 континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, соопшти МВР.
„Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир. Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана со стандардните материјално технички средства, мобилни тимови и со пунктовско работење. Ќе се користи и современа технологија – дронови за воздушна контрола, со цел побрза реакција и преземање соодветни мерки и активности во случај на инциденти“, соопшти Министерството.
МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера, да ги почитуваат упатствата на полициските службеници и да се воздржат од какви било активности кои би можеле да го нарушат изборниот процес.
Во текот на изборниот ден, МВР соодветно ќе ја информира јавноста за одвивањето на изборниот процес.