ПОЛИЦИЈАТА СО ДЕТАЛИ ЗА ПОЖАРОТ НА КАЧАНИЧКИ Уништени четири камиони вредни милиони
Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот и утврдиле дека целосно се уништени товарно возило Мерцедес и две товарни возила Волво, сите со скопски регистарски ознаки и приколки, додека едно товарно возило Волво е делумно оштетено.
Во кругот на фирма лоцирана на улицата „Качанички пат“ во Скопје, синоќа биле опожарени четири товарни возила. Пожарот бил пријавен во СВР Скопје во 21:15 часот, а настанот поминал без повредени лица. Возилата се сопственост на фирмата Атлантик, чиј управител е А.И. (47) од село Брест, скопско.
Екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје успешно го изгаснала пожарот. Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот и утврдиле дека целосно се уништени товарно возило Мерцедес и две товарни возила Волво, сите со скопски регистарски ознаки и приколки, додека едно товарно возило Волво е делумно оштетено.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот
„Сите релевантни факти ќе бидат утврдени преку детална истрага. Приоритет ни е да ги откриеме причините за пожарот и да ја обезбедиме безбедноста на граѓаните“, наведуваат од МВР.