Полицијата санкционираше 65 скопјани
Изречени се 2 санкции за возење под дејство на алкохол, 20 мерки за непрописно паркирани возила.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.12.2020) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 65 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 4 санкции, 8 мерки за користење на мобилен телефон, 4 за нерегистрирани возила. Изречени се 2 санкции за возење под дејство на алкохол, 20 мерки за непрописно паркирани возила – се вели во соопштението на МВР.
Оттаму додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, па поради тоа апелираатграѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.