Полицијата растури „божикна-корона забава“ на една компанија, шефот бил скриен под маса

Полицијата доби повик во вторникот навечер од двајца гости кои присуствувалe на нелегалната прослава, а по пристигнувањето на местото на настанот тие затекнале, благо речено, хаос.

392

Германската полиција ја прекина божикната забава на една компанија во Шарбрукен поради непочитување на мерките за ковид-19.

Полицијата доби повик во вторникот навечер од двајца гости кои присуствувалe на нелегалната прослава, а по пристигнувањето на местото на настанот тие затекнале, благо речено, хаос.






Според „РТЛ“, алкохолни пијалоци биле пронајдени во просториите на компанијата, а биле поставени и маси. Се верува дека повеќе луѓе се забавувале таму, а кога упаднала полицијата, многумина се обиделе да се сокријат. Двајца вработени биле извлечени од собата каде чистачката ја чува својата опрема, а газдата бил пронајден скриен под маса.

Полицијата пронашла осум лица во просториите, а никој од нив не покажал разбирање кога им било кажано дека со собирот ги крши строгите мерки што беа воведени поради пандемијата на коронавирусот.

Поврзани содржини