ПОЛИЦИЈАТА ПУКАШЕ ВО ТОЛПАТА, ИМА ПОВРЕДЕНИ Големи немири во Холандија поради ковид-мерките (ВИДЕО)

Демонстрантите фрлаа со камења и со пиротехнички средства кон полицијата и запалија полициски возила, јавува Би-Би-Си.

2,078

Холандската полиција отвордила оган и повредила најмалку две лица по немирите кои избија во Ротердам поради новите епидемиолошки мерки.

Демонстрантите фрлаа со камења и со пиротехнички средства кон полицијата и запалија полициски возила, јавува Би-Би-Си.






Стотици демонстранти се собраа против воведување сертификати за ковид-19 и забрана за огномет на новогодишната ноќ.

Холандија минатата недела воведе карантин поради зголемување на бројот на заразени, што ќе биде на сила три недели.

Седум лица беа повредени, а најмалку 20 демонстранти беа уапсени поради, како што рече градоначалникот на Ротердам, оргијата на насилство.

– Пукавме предупредувачки истрели, а имаше и директни бидејќи ситуацијата беше опасна по живот – изјави за Ројтерс портпаролката на полицијата, Патриша Веселс.

– Знаеме дека најмалку две лица се повредени, веројатно како резултат на предупредувачки истрел, но треба дополнително да ја истражиме точната причина – истакнала таа.

Во градот е прогласена вонредна состојба. Полицијата издаде итна наредба во Ротердам и го прекина јавниот превоз и им нареди на луѓето да останат дома. Беа употребени водени топови, а полицијата на коњи ја растера толпата.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат запалени полициски автомобили и демонстранти кои фрлаат камења кон полицијата.

Поврзани содржини