ПОЛИЦИЈАТА ПУКАЛА ВО ВОЗДУХ, ЗА ДА ФАТИ РАЗБОЈНИЦИ Насилно влегле во маркет во Чаир

Во 4.52 часот во СВР Скопје е пријавено дека 3 машки лица насилно влегуваат во маркетот, по што веднаш се преземени соодветни мерки од полициските службеници од Единицата за интервентна полиција и од ПС Бит Пазар, соопшти полицијата.

186

Уапсени се двајца разбојници во Скопје, кои се спречени при обид за разбојништво во маркет во Чаир, соопшти полицијата.

„Денеска (6.9.2025 година) полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Х. (23) и Е.А. (19), кои насилно влегле во маркет на улицата Џон Кенеди во Скопје, на територија на Чаир и се обиделе да извршат разбојништво. Во 4.52 часот во СВР Скопје е пријавено дека 3 машки лица насилно влегуваат во маркетот, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициските службеници од Единицата за интервентна полиција и од ПС Бит Пазар“, соопшти полицијата.






Откако ги виделе полициските службеници, лицата почнале да бегаат.

„Еден полициски службеник испукал еден предупредувачки истрел во воздух. По преземените мерки, од слобода се лишени А.Х. и Е.А., а за едно лице се преземаат мерки за пронаоѓање. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, се вели во соопштението од полицијата.

Поврзани содржини