ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕДЕ 11 ЛИЦА ВО СКОПЈЕ 9 за питачење и 2 за „запуштање и малтретирање на дете“

Двајца биле лишени од слобода во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, информираат од МВР.

336

Вчера биле уапсени 11 лица додека питачеле, а акцијата ја спроведе полицијата на територијата на Центар и Бит Пазар. Две лица биле задржани во полициска станица поради кривичното дело запуштање и малтретирање дете.

„На 29.06.2024 во времето од 16.00 до 20.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје постапено е по план за сузбивање на питачење на подрачјето на Центар и Бит Пазар и притоа се затекнати вкупно 11 лица од кои девет се приведени за сторен прекршок по чл.24 од ЗППЈРМ (питачење), а двајца биле лишени од слобода во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ по чл.201 од КЗ на РСМ“, информираа од МВР.

Поврзани содржини