Полицијата прекинала свадба во Кочани, петмина се приведени

843

Во полицијата во Кочани околу 14 часот било пријавено дека на улицата Шукри Шаин се одржувала свадбена прослава на која биле присутни повеќе граѓани.

„Веднаш по пријавата, на местото на настанот се упатиле полициски службеници од ОВР Кочани и по консултации со дежурен јавен обвинител од  ОЈО Кочани од слобода се лишени пет лица, а свадбената прослава е прекината. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави по чл. 206 од КЗ „Непостапување според здравствени прописи“, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини