Полицијата откри украдена стока од трговски центар, фалсификуван пасош, а реагираше и на тепачка
Полицијата поднесе кривична пријава за дивви превозниви во Кичево.
Албански државјанин фалификувал француски пасош – На 6 ноември, на Меѓународниот аеродром Скопје, при чекирање на билетот, 28-годишен државјанин на Република Албанија покажал лажна патна исправа
Тој искористил лажен француски пасош на друго име, кој според сите заштитни белези се разликувал од оригиналниот примерок на француска патна исправа.
Јавното обвинителство денеска предложи него да се покрене постапка за фалсификување патна истправа.
Кавадарчанец нападат во казино – Четириесет и петгодишен кавадарчанец вчера пријавил дека бил физички нападнат во казино.
Вчера во ОВР Кавадарци С.М. пријавил дека на 18 ноември околу 21:30 часот во казино бил физички нападнат од М.П. (40).
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава
Украл облека од трговски центар, полицијата ја најде во неговото возило – Тетовската полиција два часа по пријава за кражба на облека од трговски центар го нашла и привела осомничениот, во чие возило биле најдени украдените работи.
Вчера околу 19 часот и 15 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.У.(48) од тетовско Долно Седларце, кој од продажен објект во тетовски трговски центар претходно извршил кражба на производи. Во неговото возило пронајдени и одземени му се украдените производи, а нешто подоцна тие се вратени кај сопственикот, кој околу 17 часот и 15 минути ја пријавил кражбата на облеката.
Осомничениот е задржан е во полициската станица во Тетово и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Кривична пријава за диви превозници во Кичево – Поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.Д.(54), Д.С.(45), И.Н.(35), сите од Кичево, како и против правно лице со седиште во Кичево. Имено, при контрола извршена на 22 октомври 2020 година на бул.„Ослободување“ во Кичево, полициските службеници ги затекнале пријавените физички лица при управување на моторни возила, сопственост на правното лице, без да поседуваат изводи од лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај.