ПОЛИЦИЈАТА Ѝ ОДЗЕДЕ ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ НА МАЈКА Дома оставила сами четири деца, со петтото питачела

Против мајката што ги запоставила своите деца ќе биде поднесена соодветна пријава, најави полицијата.

582

Полициски службеници од СВР Битола и претставници од Меѓуопштински центар за социјални работи Битола вчера во 12.00 часот на пешачка зона кај објект „Борово” во Битола ја затекнале 26-годишната Е.У. од Битола како питачи, држејќи го нејзиното двегодишно дете во рацете завиткано во кебе. Подоцна е утврдено дека нејзините 4 други деца на возраст од 4,5,6,7 години, ги оставила сами во нивниот дом.

Полициските службеници го одзеле двегодишното дете со потврда и го предале на претставниците од МЦСР Битола, за натамошно преземање на мерки за заштита и згрижување.

 

 

Поврзани содржини