ПОЛИЦИЈАТА НАШЛА РАСПАРЧЕНО ТЕЛО ВО ГЕПЕКОТ НА ПОЗНАТ ПЕЈАЧ Дејвид Ентони Бурки алијас D4vd ја продолжил светската турнеја по грозното откритие

Полициски извори велат дека телото пронајдено во автомобилот било распарчено и во висок степен на распаѓање.

456

Американскиот пејач D4vd го одржал закажаниот концерт во Минесота само еден ден откако полицијата во Холивуд откри распарчено тело во багажникот на неговата Тесла.

И покрај шокантните вести, пејачот ја продолжи својата светска турнеја и настапи во салата „Филмор Минеаполис“, објави TMZ.






Истрага за морничавото откритие

Полицијата била повикана на паркинг за запленети возила во Холивуд поради пријава за непријатен мирис што доаѓа од автомобил. Набрзо било утврдено дека станува збор за возило од марката Тесла, во чиј багажник биле пронајдени човечки остатоци.

Автомобилот бил регистриран во Тексас на име на Дејвид Ентони Бурки, што е вистинското име на 20-годишниот пејач D4vd.

Пејачот соработува со полицијата

Полициски извори велат дека телото пронајдено во автомобилот било распарчено и во висок степен на распаѓање. Според достапните информации, полицијата го информирала пејачот за откритието, а тој наводно не знаел дека нешто необично се случува со неговото возило.

Сè уште не е познато дали D4vd некому му го позајмил автомобилот или возилото е украдено, но потврдено е дека тој целосно соработува со истражните органи.

D4vd ја продолжува својата турнеја со претстојни концерти низ САД, по што се очекува да настапи во Европа и Австралија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by d4vd (@d4vddd)

Поврзани содржини