ПОЛИЦИЈАТА НАШЛА МРТОВ МАЖ ВО ВАРДАР ВО ВЕЛЕС Телото е дадено на обдукција
Tелото на починатиот било извадено од реката од полициски службеници.
Во реката Вардар, блиску до местото наречено „Јаниташ“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес во средата во 8.30 часот пронашле тело на починато машко лице.
Како што денеска информира портпаролката на СВР Велес, Билјана Ѓаковска, телото на починатиот било извадено од реката од полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции при МВР.
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.