ПОЛИЦИЈАТА МУ ДАЛА ЗНАК ДА ЗАПРЕ, ТОЈ ПРОДОЛЖИЛ Пијан скопјанец со автомобил удрил „голф“ на МВР

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил на 1 мај околу 20:40 часот. Патничкото возило „бмв“, со скопски регистарски таблички, управувано од 55-годишниот Ш.Е. од Скопје, не застанало на даден знак за запирање од страна на полициски службеници од СВР Скопје.

775

Возач на „бмв“ под дејство на алкохол не застанал на полициски знак, по што удрил во службено возило на Министерството за внатрешни работи на булеварот Босна и Херцеговина во Скопје.

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил на 1 мај околу 20:40 часот. Патничкото возило „бмв“, со скопски регистарски таблички, управувано од 55-годишниот Ш.Е. од Скопје, не застанало на даден знак за запирање од страна на полициски службеници од СВР Скопје.






По кратко време, возилото удрило во „голф“, сопственост на МВР. Веднаш биле преземени мерки, при што било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, а за случајот бил известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против возачот.

Поврзани содржини