ПОЛИЦИЈАТА МОЛСКАВИЧНО РЕАГИРАШЕ Убиството кај „Мавровка“ е расчистено, порача Мицкоски
Сите учесници се приведени, нешто што во минатото не беше случај. Нешто што морам да признаам во минатото не беше случај и затоа довербата во правната држава беше еднаква на нула, изјави премиерот.
Дозволете ми да изразам жалење за тој грозоморен чин и загубениот човечки живот, кажа премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за убиството пред Мавровка и обвинувањата на опозицијата дека институциите не ги презеле сите мерки навреме и додаде:
– Но, она што е важно е дека веќе во серија, криминалци и корумпирани судии и обвинители се одговорни пред законите и институциите откако прво врховниот судија и оној обвинител којшто е дел од Советот на јавни обвинители призна вина дека учествувале во коруптивен скандал и дека на тој начин само ги докажаа тезите кои што ние ги имаме дека имаме партизирано оптруирано обвинителство и судство во најголема мерка.
Тој истакна дека институциите брзо реагирале на расчистување на овој грозоморен чин и ги привеле сторителите, нешто што не било случај во минатото.
– Сега следуваше втор чин кога институциите брзо молскавично ги приведоа сторителите на овој грозоморен чин и ги извадија пред органите на правдата. Сите учесници се приведени, нешто што во минатото не беше случај. Нешто што морам да признаам во минатото не беше случај и затоа довербата во правната држава беше еднаква на нула – подвлече премиерот Мицкоски.
Добро е, додаде тој, што последните мерења конкретно од август кои што како партија ги правиме во довербата во институциите во борбата против криминалот и корупцијата постепено се враќа и можам со задоволство да кажам дека за прв пат имаме повеќе наши сограѓани коишто веруваат во борбата против криминалот и корупцијата на оваа влада отколку што не веруваат.
– И тоа е само уште една причина повеќе да продолжиме да се бориме со овие криминални битанги, без разлика дали се вакви безочни криминалци или криминалци во политиката – изјави тој.
Премиерот е дециден дека сите кои што се огрешиле пред законот ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
– Набргу од денеска сите кои што се огрешиле пред законот ќе бидат изведени пред лицето на правдата, вклучително и оние групи кои што во последно време се обидуваат да бидат активни во скопското подземје, ги следиме и нив – рече Мицкоски.