Полицијата им „збрмчи“ казни на 160 мотоциклисти

Спроведена републичка акциска контрола за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од учесници во сообраќајот кои управуваат мотоцикли.

347

Собраќајната полиција во тек на вчерашниот ден санционираше поголема група на лица кој управуваат мотоцикли.

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност, во координација со организационите единици за контрола и регулирање на сообраќајот на територијата на Република Северна Македонија на 05.08.2020, во периодот од 17.00 до 23.00 часот, спроведе републичка акциска контрола за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од учесници во сообраќајот кои управуваат мотоцикли, информираат од МВР.






– Во текот на контролата се констатирани 160 прекршоци кај оваа категорија учесници во сообраќајот, односно 31 учесник управувале мотоцикл пред да се стекнат со право за управување (без возачка дозвола), седум учесници управувале со измината важност на регистрација на мотоциклот, пет учесници управувале со нерегистрирани мотоцикли, 94 учесници не користеле заштитен шлем (кацига), а констатирани се и 23 други прекршоци направени од страна на оваа категорија учесници во сообраќајот, соопштија од МВР.

Поврзани содржини