Полицијата и ЕБР го растурија карневалот во Вевчани, има и приведени (ВИДЕО)
И покрај тоа што вевчанци се обидоа да го направат дефилето, полицијата ги спречи.
Вевчанци се обидоа и годинава да останат доследни на традицијата. И покрај забраните за глупирање тие и годинава ги ставија маските. И покрај тоа што вевчанци се обидоа да го направат дефилето, полицијата ги спречи.
Во моментов полицијата го растура карневалот.
Инспирација за карневалските маски најчесто е политиката, но и светски настани.
Инаку Општина Вевчани објави дека се откажува од организирање на концертите на 12- ти и 13- ти јануари за да се спречи масовно собирање поради пандемијатата со Ковид-19. Но, ниту некогаш се мешала, ниту има право да се меша, а најмалку да ја одлага прославата на Свети Василиј.