ПОЛИЦИЈАТА ГО СТОПИРАЛА, ТОЈ СО ВОЗИЛОТО УДРИЛ ПОЛИЦАЕЦ Агресивец од Мралино ќе добие кривична пријава
При вршење на контрола полициските службеници му дале знак да застане со возилото кое го управувал, но тој не застанал, туку продолжил со движењто и удрил еден од полициските службеници, по што застанал и продолжил со агресивно однесување, соопшти полицијата.
Агресивец од селото Мралино синоќа со автомобилот удрил полицаец.
„На 24.12.2024 во 23.50 часот на локалниот пат Идризово – клучка Кадино, скопско, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност во патниот сообраќај го лишиле од слобода Д.П.(48) од селото Мралино, скопско. При вршење на контрола полициските службеници му дале знак да застане со возилото кое го управувал, но тој не застанал, туку продолжил со движењто и удрил еден од полициските службеници, по што застанал и продолжил со агресивно однесување“, соопшти полицијата.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.