ПОЛИЦИЈАТА ГО РАСЧИСТИ СЛУЧАЈОТ СО ПУКАЊЕТО ВО ЧАИР Четворица се приведени, двајца се затвореници

Од самото место подигнати се траги од биолошко потекло, применети се апликатори за барутен тест од утврдените учесници во кривично правниот настан, обезбедени се видео записи од „Безбеден град", а исто така утврдено е и возилото со кое едниот сторител доаѓа на лице место, а кое е подигнато за криминалистичко техничка обработка, информираше полицијата.

241

СВР Скопје го расчисти случајот со синоќешното пукање на ул. Христијан Тодоровски- Карпош, во близина на општина Чаир, кога од огнено оружје во левата нога е повреден Е.А. (35) од Скопје.

„Веднаш по добиената пријава преземени се опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Единица за насилен криминал, во координација со ‘Безбеден град’ Скопје, како и OJO Скопје, при што се утврдени сите учесници во кривично правниот настан и тоа: Л.А. (32) и И.Т. (30), кои се лишени од слобода и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, како и А.Р. (29) и М.И. (32), осудени лица на издржување на казна затвор во КПУ Идризово, а кои во текот на 14.10.2024 година, во времето на извршувањето на кривичното дело, користеле излез од затворот Идризово, по основ на работен ангажман“, соопштија од МВР.






Од самото место подигнати се траги од биолошко потекло, применети се апликатори за барутен тест од утврдените учесници во кривично правниот настан, обезбедени се видео записи од „Безбеден град”, а исто така утврдено е и возилото со кое едниот сторител доаѓа на лице место, а кое е подигнато за криминалистичко техничка обработка, информираше полицијата.

„По целосно документирање на настанот, во координација со OJO Скопје, од страна на ЕНК при СВР Скопје ќе бидат поднесени соодветни пријави“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини