ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРОНАЈДЕ ДЕВОЈЧЕТО ОД КАДИНО КОЕ ИСЧЕЗНА Отишла во Илинден кај нејзин познаник

Полициски службеници го пронашле девојчето заедно со родителот во сeло Илинден каде доброволно отишла кај нејзин познаник, велат од МВР.

4,505

Скопската полиција го пронајде малолетното девојче од село Кадино за кое беше пријавено дека денеска, 13 април, се оддалечило од дома, информираше Министерството за внатрешни работи. Случајот го пријавил нејзин родител во полициската станица Петровец.

„Полициски службеници го пронашле девојчето заедно со родителот во сeло Илинден каде доброволно отишла кај нејзин познаник“, велат од МВР.

Поврзани содржини