ПОЛИЦИЈАТА ГО ОТВОРИ ПАТОТ Камионите на „Комунална хигиена“ тргнаа да го собираат сметот низ Скопје
Откако камионите излегоа, еден вработен беше изнесен со возило на Брза помош.
Камионите од ЈП „Комунална хигиена” вечерва со асистенција на полоицијата излегоа од дворот на „Комунална хигиена“ за да почнат да го собираат сметот кој 4 дена стои на скопските улици поради протестот на дел од вработените. еден вработен е изнесен со возило на итна помош, објави порталот СДК.
На тоа му претходеше турканица меѓу вработените и полицијата. Работниците лежеа на земја и се буткаа со полицајците. Началникот на полицијата најпрво ги убедуваше да се тргнат и да направат пат, но тие не го послушаа, па им се закани со приведување.
Откако камионите излегоа, еден вработен беше изнесен со возило на Брза помош.
Вечерва, пред капијата на „Комунална хигиена“ дојде и директорката Косана Мазнева која побара работниците да почнат да работат и в понеделник да почнат разговори за нивните барања, но работниците ѝ побараа оставка.