Во Кичево приведено лице што избегало од затворот во Прилеп, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Денеска (21.10.2020) во 11:20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го привеле Х. Ф. (41) од с. Горно Строгомиште кој се барал со потерница од КПУ Затвор Прилеп за доиздржување на казна затвор во траење од една година, еден месец и 20 дена за сторено кривично дело предвидено со член 215 од К.З. на РСМ. Лицето е спроведено во КПУ Затвор Прилеп“, се вели во соопштението.