Полицијата го блокира доставувањето на хуманитарна помош од семејството Заеви
Според него, полицијата синоќа упаднала во објектот и барала документи за потекло на стоката. Од здружението изјавиле дека документите се кај донаторот, односно кај семејството Заеви.
Во магацин на улица „Ѓорги Трајков“ во Струмица каде се пакуваат хуманитарни пакети кои се донација од семејството Заеви, синоќа влегле полициски службеници и јавен обвинител. Полицијата е и денеска пред магацинот и е стопирана дистрибуцијата на хуманитарната помош, намената за граѓани од социјално-ранливи категории.
Александар Марковски од Здружението „Сите заедно можеме“, кое ги дистрибуира хумнитарните пакети, потврди за упадот на полицијата и рече дека во 13 часот пред просториите на магацинот ќе одржи прес конференција, на која ќе соопштат повеќе детаљи.
Според него, полицијата синоќа упаднала во објектот и барала документи за потекло на стоката. Од здружението изјавиле дека документите се кај донаторот, односно кај семејството Заеви.
Синоќешниот настан го потврдија и од ОЈО Струмица. Струмичкиот јавен овинител, Миле Петков, рече дека обвинителството постапило по барање на полицијата.
МИА побара писмена информација и од СВР-Струмица и до објавувањето на веста се уште нема одговор од струмичката полиција.