ПОЛИЦИЈАТА ГИ ЗАТЕКНА ДОДЕКА ПРЕПАКУВАА ДРОГА Двајца дилери од тетовско завршија во притвор

При приведувањето, едниот од осомничените оттурнал и удрил полициски службеник, нанесувајќи му телесна повреда, но набрзо бил совладан. Против него е поведена постапка и за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

299

Основното јавно обвинителство Тетово нареди да се спроведе истражна постапка против 2 лица, кои како соизвршители сториле кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 28 август, двајцата осомничени, во атарот на селото Палатица, во импровизирана колиба држеле наркотична дрога марихуана. Полициските службеници ги откриле додека ја препакувале дрогата за натамошна продажба. Биле пронајдени и одземени околу 78 грама марихуана во повеќе помали пакувања.






При приведувањето, едниот од осомничените оттурнал и удрил полициски службеник, нанесувајќи му телесна повреда, но набрзо бил совладан. Против него е поведена постапка и за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничените. Судот го прифати предлогот и на двајцата им определи притвор во траење од по 30 дена.

Поврзани содржини