ПОЛИЦИЈАТА ГИ УАПСИ БОМБАШИТЕ ОД БИТОЛА Тројца се фатени, еден е во бегство
На 12 јули годинава, околу 2.05 часот, Б.А. и Н.Ц., по насоки од И.Ѓ., дошле со мотоцикл во близина на куќа во Битола, по што Б.А. фрлил експлозивна направа кон куќата. При тоа биле оштетени фасади од куќи, прозорци и врати, а биле опожарени 7 возила. Четвртообвинетиот П.Д. пак, му помогнал на Б.А. да сокрие докази во врска со кривичното дело, соопшти битолската полиција.
Битолската полиција денеска до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Б.А. (33) од Битола, Н.Ц. (25) од селото Ерековци, прилепско, со место на живеење во Битола, И.Ѓ. (40) од Битола и П.Д. (38) од Битола поради основано сомнение за сторено кривично дело Предизвикување општа опасност.
„На 12 јули годинава, околу 2.05 часот, Б.А. и Н.Ц., по насоки од И.Ѓ., дошле со мотоцикл во близина на куќа во Битола, по што Б.А. фрлил експлозивна направа кон куќата. При тоа биле оштетени фасади од куќи, прозорци и врати, а биле опожарени 7 возила. Четвртообвинетиот П.Д. пак, му помогнал на Б.А. да сокрие докази во врска со кривичното дело“, соопшти битолската полиција.
Вчера и денеска по наредба од Основен суд Битола од страна на полициски службеници од СВР Битола се извршени претреси на повеќе локации во сопственост на осомничените, при што се пронајдени една рачна бомба, марихуана, шише со непозната течност со семки во внатрешноста, солзавец, предмети со траги од прашкаста материја, како и предмети со кои се извршени кривични дела, се додава во соопштението.
„Б.А., Н.Ц. и П.Д. се лишени од слобода, а се преземаат мерки за пронаоѓање на И.Ѓ“, се вели во соопштението од СВР Битола.