Полицијата ги фати крадците што правеле ‘ршум во струмичко

363

Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Струмица, од слобода лиши три лица поради сомнение дека извршиле повеќе тешки кражби во куќи на подрачјето на Струмица и околните села, соопшти МВР.

Во СВР Струмица биле приведени Ш.М.(32), С.М.(18), двајцата од село Иловица и 17 – годишен малолетник од с.Свидовица. Во врска со кражбите, на разговор во СВР Струмица бил повикан и Ш.М.(18 ) од с.Иловица.






Расчистени се тешки кражби кои ги извршиле во куќи во с.Колешино и с.Куклиш и пронајдени се и одземени повеќе предмети кои им припаѓаат на оштетените. Исто така, извршено е и препознавање на Ш.М.(32) од страна на оштетените.

По целосно документирање и расчистување на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, посочуваат од МВР

Поврзани содржини