Полицијата фатила 112 лица кои не носеле маска

302

Полицијата евидентирала 112 лица не носеле заштитни маски во изминатото деноноќие, соопшти полицијата.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 33 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 20 лица, а за останатите се земени податоци по што ќе следуваат соодветни мерки.






На 10 лица им се издадени решенија за изолација, а 72 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Поврзани содржини