ПОЛИЦИЈАТА ФАТИ ОСУДЕНИК ОД СТРУМИЧКО ПО КОЈ ИМА ПОТЕРНИЦА Разбојникот е осуден на 3 години и 6 месеци затвор

22-годишниот Д.П. од селото Ангелци бил осуден на 3 години и 6 месеци казна затвор за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“, а бил баран по потерница за доиздржување на 3 години и 2 месеца од казната.

144

Полицијата вчера привела разбојник во струмичкото село Ангелци, кој е осуден на 3 години и 6 месеци затвор.

„Полициски службеници од СВР Струмица вчера, во 23.40 часот, во струмичкото село Ангелци го привеле 22-годипниот Д.П., осуден на 3 години и 6 месеци казна затвор“, информира Министерството за внатрешни работи.






22-годишниот Д.П. од селото Ангелци бил осуден на 3 години и 6 месеци казна затвор за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“, а бил баран по потерница за доиздржување на 3 години и 2 месеца од казната.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.

Поврзани содржини