Полицијата фати 28 прекршители на полицискиот час

за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 369 прекршоци - стои во соопштението од МВР.

165

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во текот изминатото деноноќие биле евидентирани 28 лица кои го прекршиле полицискиот час.

– Од 22 часот (20.03.2021) до 05 часот (21.03.2021) констатирано е дека 28 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак (19/20.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 369 прекршоци – стои во соопштението од МВР.






Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на ковид-19.

Поврзани содржини