ПОЛИЦИЈАТА ЕКСПРЕСНО ГИ ИСТРАЖИ ДЕМНАЧИТЕ ОД ОЗЛОГЛАСЕНАТА „ЈАВНА СОБА“ Ја чекаме реакцијата на обвинителството
Скандалот со „Јавна соба“, прв пат беше обелоденет минатата година кога фотографии и видеа со девојки, од кои некои малолетни, се споделуваа во групата на социјалната мрежа Телеграм.
На социјалната мрежа Телеграм повторно се појави група со озлогласеното име „Јавна соба“, во која се споделуваат експлицитни фотографии, профили од социјалните мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки од Македонија.
Од полицијата е спроведена брза истрага за случајот, а доказите се испратени до Основното јавно обвинителство.
– МВР веднаш постапува за оваа нова група согласно сите надлежности, а и веднаш го известивме обвинителството – за Плусинфо одговорија од МВР.
Инаку, групата за еден ден прибра 219 членови, а досега се споделени 61 фотографија и 14 видеа.
Скандалот со „Јавна соба“, прв пат беше обелоденет минатата година кога фотографии и видеа со девојки, од кои некои малолетни, се споделуваа во групата на социјалната мрежа Телеграм.
Тогаш групата беше затворена, но во јануари годинава повторно беше отворена нова група со исто име.
Јавното обвинителство во април по силни реакции во јавноста поднесе обвинение прототив две лица на возраст од 32 и 21 година, кои се товарат за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија.