ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ВЕЖБА СО БОЕВА МУНИЦИЈА Не одете утре во Билбил камен, Битолско
Битолската полиција ги предупредува граѓаните утре да не одат во месноста Билбил камен поради вежби со боева муниција.
Битолската полиција ги предупредува граѓаните утре да не одат во месноста Билбил камен поради вежби со боева муниција.
„Се известуваат граѓаните дека на ден 25.9.2024 година (среда) на местото викано Билбил камен во периодот од 8 до 13 часот ќе се спроведе боево гаѓање од страна на припадниците на полицијата. Се замолуваат граѓаните да бидат претпазливи и да не се движат во дадениот временски период на тоа подрачје“, соопшти СВР Битола.