ПОЛИЦИЈАТА АПСЕШЕ КОЛЕГА ВО КАРПОШ Во домот му нашле дрога

Момчето кај кое извршуваа службени дејствија живее во Карпош и како што дознава порталот МКД.мк, им е колега вработен во МВР, односно е полицаец од полициската станица во Ѓорче Петров.

853

Полициски службеници во петокот околу 17 часот влегоа во домот на 25-годишен скопјанец со наредба за претрес.

Момчето кај кое извршуваа службени дејствија живее во Карпош и како што дознава порталот МКД.мк, им е колега вработен во МВР, односно е полицаец од полициската станица во Ѓорче Петров. При претресот најдена и одземена е марихуана.






Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

„На 23.08.2024 во 17.00 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р.(25) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Карпош, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Поврзани содржини