ПОЛИЦИЈАТА ЈА СПУШТИ РАМПАТА НА „МИЛАДИНОВЦИ“ Сообраќајот Скопје-Куманово се пренасочува преку Петровец
Од МВР ги информираат граѓаните додека не биде безбедно да не тргнуваат на пат по оваа делница.
Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека поради пожар, затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Од МВР информираат дека сите возила моментално се пренасочуваат кон Петровец и апелираат до граѓаните да не се упатуваат кон овој дел од патот додека не се создадат услови за нормализација.
– Граѓаните ќе бидат навремено известени кога повторно ќе се пушти сообраќајот – наведуваат од полицијата.