Полиција на секоја втора улица, казнети 339 возачи во Скопје
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се вели во соопштението на МВР.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.09.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, наведено е во полициското соопштение.
„На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 339 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 22 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 108 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 16, 7 санкционирани мотоциклисти, 73 мерки за непрописно паркирање, а изречени се 84 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, се вели во соопштението.