Полицијата вечерва интервенирала на полувремето од натпреварот во Лигата на шампиони меѓу Вардар 1961 и Брест Мешков во СЦ „Јане Сандански“.
На трибините на „Јане Сандански“ имало повеќе од дозволените 30 лица пријавени од двете екипи за присуство согласно протоколите за одржување спортски натпревари во земјава.
Според неофицијални информации, во салата имало повеќе од стонавивачи кои полицијата ги отстранила од трибините и им наредила да заминат од салата.