Нема договор за албанската паралелка во основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка. Министерот за образование Јетон Шаќири не попушта, учениците ја бојкотираат наставата, а родителите протестираат, јави Курир.
Секојдневните протести на родителите станаа тензични. Тие и натаму бараат оставка од директорката Елена Николова, која денес морала да побара полициска заштита за да дојде на работното место.
Гневна толпа на родители на децата кои трета недела ја бојкотираат наставата поради одлуката на МОН да се отвори албанска паралелка, и се нафрлија на директорката во училишниот двор, а полицијата мораше да интервенира.
Училиштето, според статутот, е само за настава на македонски јазик и во населено место со Македонци и отворањето на албанска паралелка, според родителите, е незаконски.