Полицаец во цивилка бил агресивен кон колегите, па го привеле
Бил пријавен за исчезнат пред четири дена, по што бил пронајден починат
ПОЛИЦАЕЦ ВО БИЛ АГРЕСИВЕН КОН КОЛЕГИТЕ, ПА ГО ПРИВЕЛЕ – На 07.09.2020 околу 03 ч. на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода М.Д. (полициски службеник) затоа што при контрола на неговото возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки одбивал да даде документи за идентификација и се однесувал агресивно кон полициските службеници. Тој бил приведен во Полициското одделение Шуто Оризари, по што е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за натамошна постапка.
ИСЧЕЗНАЛ ПРЕД 4 ДЕНА И ГО ПРОНАШЛЕ ПОЧИНАТ – На 06.09.2020 во атар на с.Ветерско, велешко, покрај стариот пат Велес – Скопје, бил пронајден починат М.Г.(65) од с.Ржаничино – Петровец, кој бил пријавен дека се оддалечил од домот на 02.06.2020. Бил извршен увид на местото на настанот. По наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција во Институт за судска медицина Скопје.
ИМ НАШЛЕ КОКАИН ВО ЏЕБОТ – На 06.09.2020 полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода И.Р.(26) и С.Д.(28), двајцата од Штип, затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја. Се работи на целосно расчистување на случајот, по што против И.Р. и С.Д. ќе биде поднесена кривична пријава.
ИЗГУБИЛ КОНТРОЛА И СЕ ПРЕВРТИЛ – На 06.09.2020 околу 20.00 часот на автопатот А1 Удово – Демир Капија, во тунелот Т2, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(24) од Скопје, се превртелo, при што возачот се здобил со повреди и бил пренесен во болницата во Неготино. Извршен е увид на местото на настанот.
СОСЕДОТ СО ВОЗДУШНА ПУШКА МУ ГО РАНИЛ КУЧЕТО – На 06.09.2020 во Полициската станица Свети Николе, К.С.(29) од с.Горно Црнилиште, светиниколско, пријавил дека околу 07.40 часот покрај чешмата во с.Горно Црнилиште неговиот сосед И.Т. со два истрели од воздушна пушка му нанел повреди на неговото куче. Извршен бил увид на местото и по комплетирање на случајот против И.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.
СРЕД БЕЛ ДЕН БИЛА НАПАДНАТА ВО АЕРОДРОМ – На 06.09.2020 во 12.45 часот, М.П.(73) од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје била физички нападната од С.М. Се работи на расчистување на случајот.
ПРВО СЕ КАРАЛЕ, ПА СЕ СТЕПАЛЕ – На 07.09.2020 во 00.30 часот било пријавено дека на ул.„376“, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.И.(38) и Б.И.(26), двајцата од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
ОГРАБИЛЕ ТАКСИСТ ВО СТРУМИЦА – На 06.09.2020 во 01.15 часот во СВР Струмица, А.В.(50) од Струмица пријавил дека двајца малолетници, кои ги превезувал со неговото такси возило, со закана со остар предмет му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ГО НАПАДНАЛЕ И ПОТОА ГО ОГРАБИЛЕ – На 07.09.2020 во 03.50 часот во СВР Скопје, А.С.(22) од Скопје пријавил дека околу 01.00 часот на крстосница од ул.„Димитар Благоев“ со ул.„Ѓорѓи Андреевиќ Кун“ две лица физички го нападнале и му одзеле пари, мобилен телефон и рачен часовник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.