Полицаец во Австралија давел девојка оти не носела маска

На снимката се гледа како и нејзиниот партнер, кој го снимаше инцидентот им кажува на полицајците дека 21-годишната девојка е ослободена од обврската да носи заштитна маска од медицински причини.

273

Полицајци од австралиската сојузна држава Викторија се под истрага поради насилно постапување со жена која не носела маска.

Инцидентот е снимен како полицаецот ја фаќа девојката за врат и ја турка до ѕид, а таа вика „Ме давите“. Потоа девојката е турната на земја.






На снимката се гледа како и нејзиниот партнер, кој го снимаше инцидентот им кажува на полицајците дека 21-годишната девојка е ослободена од обврската да носи заштитна маска од медицински причини.

– Јасно ми е дека сите мора да носат маски, но некои граѓани се ослободени од таквата обврска. Начинот на кој ни пријдоа беше застрашувачки. Тие би требало да не штитат. Не се чувствувам заштитетено – изјави партнерот на нападната девојка.

Поврзани содржини