Вечерва околу 21 часот имало пукање во ресторан во трговскиот центар во Тузла.
„Аваз“ пишува дека полициски инспектор убил женско лице.
Полицискиот инспектор пред пензија Елвис Ќ. е уапсен доцна вечерва под сомнение дека околу 21 часот убил жена во трговски центар во Тузла.
По убиството тој побегнал, но бил уапсен пред неговата зграда.
Според извештаите, тој бил во врска со жената која ја застрелал.
Од полицијата потврдија дека имало убиство.
„Вечерва околу 21 часот во ПС Центар е пријавено дека во ТЦ Сјењак во Тузла од страна на машко лице било употребено огнено оружје, при што женско лице се здобило со повреди од кои подлегнало. Осомничениот се оддалечил од местото на настанот, по што со брзата интервенција на полициски службеници бил пронајден“, соопшти МУП Т.К.