Затворски полицаец, кој девет дена не бил на работа во Затворот во Штип е инфициран со ковид-19. Директорот на Затворот, Мики Тодоров за МИА вели дека бројката на позитивни случаи во оваа институција се искачила на пет.
Заразени се двајца затворски полицајци, лекар, стоматолог и еден осуденик. Здравствената состојба на деветмината осуденици е добра и од изолација излегуваат утре, а останатите двајца, кои имале контакт со здравствените работници во изолација ќе останат до 20 октомври.
Директорката на Центарот за јавно здравје во Штип, Марија Димитрова, вели дека вчера покрај новиот случај во Затворот имаат и позитивни случаи во новиот штипски текстилен кластер и нивни контакти. Епидемиолозите дневно земаат од 20 до 30 брисеви.